Мит и вистина – диети
Ако го напишете зборот „диета“ на интернет, ќе ви излезат милиони совети и начини за губење на килограмите. Повеќето се митови, а вистината е една – здрав начин на исхрана и редовна физичка активност.
Ако го напишете зборот „диета“ на интернет, ќе ви излезат милиони совети и начини за губење на килограмите. Повеќето се митови, а вистината е една – здрав начин на исхрана и редовна физичка активност.
Ви ги донесуваме заблудите поради кои не треба да се откажете од диетата.
Таква сум градена и нема спас
Многу жени веруваат дека нивните гени се виновни за изгледот на телото. Покрупна мајка, дебела баба и „судбината“ рекла дека и таа треба да изгледа така.
Вистината е дека генетски може да наследите широки колкови или големи гради, но за салото сами си сте виновни. Зголемената телесна тежина е единствено резултат на внесувањето повеќе калории отколку што телото успева да согори во текот на денот. Нема дебел човек без јадење.
Јадењето навечер дебелее
Овој мит повеќе пати досега сме го споменале, но ќе ви напоменеме повторно – дали една кеса чипс ќе изедете во 12 часот на пладне или на полноќ, не прави разлика. Колку што треба да ги избегнувате тешките оброци навечер, истото треба да го правите преку ден. На крајот, важен е вкупниот број на калории кои сте ги внеле во текот на денот.
Единствена работа која ова тврдење го прави половично точно е тоа што нејадењето навечер може да ви помогне подобро да спиете, а истражувањата покажале дека луѓето кои спијат повеќе имаат помали шанси да се здебелат.
Специјална храна за намалување на килограмите
Многу диети „проповедаат“ дека постои посебна храна која ќе придонесе во намалување на килограмите. Такви се супата од зелка, грејпфрут диетата, диета со јаболков оцет, посебни напивки… Ваквата исхрана може да придонесе за краткотрајно губење на килограмите, но на долг рок не ги дава посакуваните резултати.
Најпрво, луѓето често ги прекинуваат овие диети, бидејќи или се прескапи или храната е толку безвкусна, што не можат повеќе да издржат. Од друга страна, ваквиот тип на диета не ја обезбедува дневната потреба од витамини, минерали и останати хранливи состојки. Овој начин на губење килограми не ги учи луѓето на промена на навиките во исхраната и затоа изгубените килограми брзо се враќаат.
Прескокнување на појадокот
Кафе наместо појадок не е добро решение ако сакате да изгубите на тежина. Она што нема да го изедете за појадок, двојно ќе го надоместите во текот на денот. Појадокот го раздвижува метаболизмот и ви дава повеќе енергија за дневните активности. Попаметно би ви било да не го прескокнувате појадокот и да се обидите тоа да биде оброк без многу шеќери, калории и масти.
Зелениот чај е најдобар лек
Зелениот чај традиционално се користи за слабеење и навистина е делотворен. Но, ако вие и понатаму се прејадувате како стоки, чајот нема магично да ви ги согори внесените калории. Сепак, незасладениот зелен чај е нискокалоричен пијалак кој добро влијае врз вашето тело.
Вистинскиот и единствениот начин да ја намалите тежината долгорочно е да ги промените навиките во исхраната, да внесувате помалку калории, да јадете здрава храна која изобилува со овошје и зеленчук, а паралелно да се занимавате со физичка активност која ќе го согори вишокот на килограми.
{loadposition content9}