Skip to main content

На мобилниот и на компјутерот не им е место во спалната соба

Додека некои тврдат дека ваквата опасност не постои, и дека станува збор за најобично заплашување на луѓето, други истакнуваат дека вистинските податоци се сокриваат и тешко е да се стигне до нив бидејќи повеќето истражувања за можното влијание на уредите врз здравјето ги финансираат мобилните уреди.

mobilen
мобилен

kompjuterДодека некои тврдат дека ваквата опасност не постои, и дека станува збор за најобично заплашување на луѓето, други истакнуваат дека вистинските податоци се сокриваат и тешко е да се стигне до нив бидејќи повеќето истражувања за можното влијание на уредите врз здравјето ги финансираат мобилните уреди.

Пет девојчиња од 9-то одделение од едно училиште во Данска изведоа навистина интересен експеримент кој не може да се смета за научна работа ниту пак доказ, меѓутоа сепак предизвика огромно внимание кај луѓето ширум светот, и го сфаќаат како сериозно предупредување.

Фотографиите кои ги поставија на интернет предизвикаа бурна реакција на многу истражувачи, биолози и експерти за зрачење од Англија, Холандија и Шведска.

mobilen telefonЕкспериментот се состоел од тоа што тие набљудувале како се развива семето на идентични растенија во една просторија со идентична положба кон сонцето, со еднаква количина на вода со кое се наводнувало и на иста температура.

Во едната просторија бил поставен рутер за безжичен интернет кој емитува ист вид на зрачење како обичниот мобилен телефон, а во другата просторија немало ништо. После 12 дена посаденото семе од собата со безжичниот интернет не пораснало, а некои растенија дури и мутирале или целосно изгниле. Во просторијата без рутер од семето пораснале растенија кои сосема нормално напредувале и биле здрави.

Младите девојки всушност сакале да покажат дека мобилниот телефон кој повеќето од нас го чуваат покрај креветот близу главата, влијае врз сонот и концентрацијата, па затоа ова одлучиле да го докажат со растенија.

„Навистина е застрашувачки што зрачењето има толку големо негативно влијание врз живите суштества, па затоа секој човек треба да внимава. Во текот на ноќта добро е да го исклучите телефонот или да го ставите во друга просторија, а компјутерот обавезно да биде исклучен додека спиете“, вели Леа Нилсен, една од младите истражувачки.
 
{loadposition content9}