Мобилното 3D кино, во април во Охрид
Проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, на охридските љубители на филмската уметност во април месец ќе им донесе три филмски остварувања.
Проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, на охридските љубители на филмската уметност во април месец ќе им донесе три филмски остварувања.
На 24-ти април 2016 година во Центарот за култура „Григор Прличев“
со почеток во 17 часот ќе се прикажува 3Д филмот „Кунг Фу Панда“. Билетот за оваа проекција ќе чини 200 денари.
Во 19 часот ќе се прикажува 3Д проекцијата на филмот „Детето на Злото“ за кој влезницата ќе чини 150 денари и во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на филмот „Дедпул“ за која влезниците чинат 200 денари.