Mомчињата баш тоа го мразат
Индустријата на мода и убавина им наметнува на девојките трендови за поубав изглед, но токму тие работи може да ги отргнат момчињата од нив. Ние ви претставуваме дел од грешките кои девојките ги прават, а момчињата ги мразат.
Индустријата на мода и убавина им наметнува на девојките трендови за поубав изглед, но токму тие работи може да ги отргнат момчињата од нив. Ние ви претставуваме дел од грешките кои девојките ги прават, а момчињата ги мразат.
Пумпање на усните
Сите сакаат полни усни, но сепак мора да постои граница. Пиродно полните усни на Скарлет Јохансон и Анџелина Џоли се привлечни, но сепак оние усни кои изгледаат како да ви покриваат една половина од лицето, не се посакувани.
Екстензија на косата
Можеби вас ви изгледа интересно како промена, но машките мразат вештачки додатоци. Можете да замислите ситуација каде што тој би сакал со прстите да помине низ вашата коса и да остане шокиран кога во раката ќе му останат неколку прамени? Сигурно ќе му се згади од самата помисла што тоа е нечија туѓа коса.
Додатоци, push – апови…
Долната облека која ќе ви го покрие недостатокот и ќе направи да изгледате совршено е добро ако сакате некого да импресионирате. Но, сепак ако решите еден ден да се соблечете пред таа личност, не би било пријатно да види дека носите градник два броја поголем од вашите природни гради… тој едноставно ќе биде разочаран.
Откривање на сите адути
Длабокото деколте и краткото здолниште е денес задолжителна униформа за сите девојки, но сепак треба да бидат свесни дека со тоа не го постигнуваат саканиот ефект. Машките ќе се вртат по вас, но ќе ве гледаат само како материјал за забава, а не за нешто сериозно.
Сјај за уста
Вие мислите дека усните ви изгледаат сочно кога ќе нанесете дебел слој сјај, но тоа е одбивно за мажите при самата помисла дека треба да ве бакнат. Момчињата не сакаат на нив да имаат ни ронка од тој сјај.
{loadposition content9}