Skip to main content

“Moonlight”- првенче на млади талентирани музичарки од Охрид

Moonlight” е првото авторско дело на младите талентирани музичарки од Охрид “Eleven” .

 |   | 

 

 Moonlight” е првото авторско дело на младите талентирани музичарки од Охрид “Eleven” .

Крстина Шокароска и Сена Заде се две наши млади сограѓанки кои ги спојува љубовта кон музиката. Виолинистката Крстина и Сена која свири на гитара неодамна ги испробаа своите кантавторски способности и го направија првиот обид во компонирање. Своето музичко дело го нарекоа Moonlight.

 

За да се уверите дека станува збор за талентирани девојки слушнете го нивното првенче ТУКА.

 

 

Шокароска е студентка на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје и професионално се занимава со свирење на виолина.

Сена Заде студира на Филозофскиот факултет во Скопје, а уште од мали нозе се занимава со музика, свирејќи на гитара.

Покрај многубројните обврски тие наоѓаат мир во музицирање, слушање добра музика но и компонирање интересни парчиња за кои инспирација наоѓаат во секојдневниот живот и се она што ги окупира младите.