Можна ли е делумна и времена вештачка амнезија?
Научниците почнаа да ги тестираат хемикалиите кои може да ги избришат, па дури и повторно да ги создадат сеќавањата на луѓето.
Научниците почнаа да ги тестираат хемикалиите кои може да ги избришат, па дури и повторно да ги создадат сеќавањата на луѓето. Потенцијално штетните сеќавања на некои трауматични случувања може да формираат спомени кои честопати имаат трајни последици врз нашето однесување.
Научниците се надеваат дека еден ден ќе може да помогнат во откривањето на медицинските третмани за луѓето кои патат од посттрауматски стрес (PTSP) или се борат со некаква зависност.
За да ја демонстрираат непостојаноста на сеќавањата, научниците од Универзитетот Вашингтон побараа од возрасните волонтери да одговорат на анкетните прашања за своите прехранбени навики или навиките при консумирање алкохол во период од пред 16 години.
Една недела подоцна, им ги врачиле анализите на кои истражувачите намерно погрешно навеле дека испитаниците се разболеле откако како тинејџери пиеле рум или водка.
Еден од пет учесници не ја воочил намерно вметнатата лага, туку се “присетил” на овој инцидент.Студиите како оваа може да помогнат во откривањето на новите можности за лечење на проблемите со менталното здравје, наведува “Popular Science”.
Посттрауматскиот стрес и зависностите се основаат на сеќавањата кои би можеле да го предизвикаат проблематичното однесување, како желбата која се јавува само со гледање на приборот за консумирање на дрога или чувството на ужасен страв заради слушање на гласни звуци.Досега, експериментите врз глувците беа успешни, а останува да видиме како на нив ќе реагираат луѓето.
{loadposition content9}