Мрачната тајна на штедливите светилки
Штедливите светилки кои “на сила“ ги воведе Европската унија во домовите на своите жители, а ОН повикува на нивно воведување во целиот свет, можеби се добри “здравјето“ на нашата планета, но не се баш добри за здравјето на луѓето кои живеат на неа.
Тоа го jaвува германскиот NDR во репортажаra објавена во својот магазин Markt. Тестирањата кои биле спроведени за потребите на репортажата покажале дека вклучените светилки испуштаат “отровни“ материи.
Во лабораториските истражување е откриено дека штедливите светилки од одредени произведувачи содржат фенол кој може да делува канцерогено.
Фенолот се ослободува од светилката кога истата е вклученa, а во организмот стигнува преку дишење. Доколку концентрацијата во воздухот е висока, се јавува иритација на слузницата и проблеми со срцето и дишните патишта.
Производителите тврдат дека во штедливите светилки фенолот се наоѓа во лепакот и поединечните компоненти каде има улога на омекнувач. Меѓутоа, фенолите не се единствените “отрови“ кои ги испуштаат овие светилки.
Штедливите светилки се опасни и затоа што содржат 2,8 милиграми жива, па во случај на погрешно ракување со нив може да дојде до излевање на живата која може да ги оштети бубрезите и која претставува особена опасност за бремените жени, децата и домашните миленичиња.
Воедно, потврдено е дека може да предизвикаат слабеење на видот и мигрени, па Migraine Action Association им препорачува на луѓето кои патат од таа болест да користат други извори на светлина додека читаат.
Се разбира, производителите на штедливите светилки и телата кои би требало да го регулираат нивното производство, нагласуваат дека вредностите на штетните материи кои ги испуштаат не ги надминува со закон препишаните граници и дека не се поопасни од класичните светилки и другите помагала во домаќинството.
Инаку, планот на Европската унија е до 2016. година во земјите членки засекогаш да згаснат сегашните 3,5 милијарди класични светилки.
Алтернативата која бирократите ја предлагаат се токму штедливите светилки. Сепак, доколку сте загрижени за нивното штетно влијание врз здравјето како алтернатва може да ви послужат се попопуларните ЛЕД светилки, како и халогенките кои се дизајнирани како “старинските“ светилки и имаат можност за пригушување на светлината.
{loadposition content9}