Skip to main content

„Мрачни импулси“ од Јордан Коцевски промовирана на Вевчанско лето

Коцевски на промоцијата го доби и симболичниот Вевчански пасош и официјално стана државјанин на Република Вевчани.
 |  инфодеск  | 

Вчера во склоп на манифестацијата Вевчанско лето 2026, во Вевчани се одржа промоција на збирката раскази „Мрачни импулси“ од авторот Јордан Коцевски.

Во Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ се разви активна дискусија меѓу авторот, промоторот Тони Попов и посетителите.

„Мрачни импулси“ е збирка раскази што ја истражува темата на човечките импулси – нагли, понекогаш хаотични, понекогаш логични одлуки што го обликуваат животот на поединецот. Расказите поставуваат морални дилеми, ги поткренуваат прашањата за последиците од одлуките, и ја разгледуваат границата меѓу љубовта и агресијата, меѓу грижата и параноја, вели авторот.

Коцевски на промоцијата го доби и симболичниот Вевчански пасош и официјално стана државјанин на Република Вевчани.

Збирката раскази „Мрачни импулси“ предходно беше промовирана пред љубителите на пишаниот збор и на делата на Коцевски во Скопје, Охрид и Прилеп.

Во духот на солидарноста 100 денари од секој продаден примерок на книгата, авторот Коцевски донира за помош на Антолог (книжевниот центар Антолог претрпе штета од поплавување при последното невреме во Скопје)

Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам.