Skip to main content

Музички перформанс со хумана димензија

Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца.

stefanija

stefanijaЦрвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца.

Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.

Настанот ќе се одржи на 09.11.2015 г. (понеделник) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 ч. Влезот е слободен.

Ги покануваме нашите сограѓани да го проследат овој настан и ја почувствуваат хуманата димензија на истиот.