Музичка летна работилница во Младински Центар Охрид
Во текот на пет дена учесниците ќе работат со дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбедат индивидуално менторство, практична работа и поддршка за музички развој.

Oд 6ти до 10ти јули во Младински Центар Охрид ќе се одржи Музичка летна работилница наменета за млади на возраст од 10 до 18 години, без разлика дали се почетници или веќе имаат музичко искуство.
Во текот на пет дена учесниците ќе работат со дипломирани професори од музичка академија, кои ќе обезбедат индивидуално менторство, практична работа и поддршка за музички развој. Ќе бидат опфатени инструментите клавијатура, виолина, хармоника и кларинет.
Пријавувањето е отворено до 26 јуни на следниот ЛИНК.
Бројот на места е ограничен.




