Skip to main content

Музичка приредба на младите во Младински Центар Охрид

Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.
 |  инфодеск  | 

На 25ти јуни (вторник) во просториите на Младински Центар Охрид со почеток во 19 часот учениците од ООУ „Кочо Рацин“ и бендот на Младински Центар Охрид под менторство на професорот Игор Стефановски ќе одржат музичка приредба со богат репертоар на добро познати песни од големи домашни и странски артисти.

-Да ги поддржиме младите музички надежи од Охрид и да се забавуваме, порачуваат организаторите.