Актерката Марија Новак ја доби наградата за најдобра споредна женска улога на фестивалот “5ре”
Наградата за најдобра споредна женска улога на четвртото издание на театарскиот фестивал “5РЕ” ја доби актерката Марија Новак за претставата “СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА” од Народен театар Охрид, во режија на Коле Ангеловски.

–Со голема радост ја објавуваме добитничката на НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА на четвртото издание на Театарскиот фестивал “5РЕ” – актерката МАРИЈА НОВАК! Во урнебесната комедија „СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА“ на Народен Театар Охрид, Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано. Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ѝ подари на публиката моменти полни со емоција и смеа – и уште еднаш потврди дека секоја улога, без разлика на нејзината големина, може да остави траен впечаток. Честитки, Марија! Твојот лик ќе остане во меморијата на фестивалот како доказ дека сјајот на сцената не познава граници! –велат од Народен театар Охрид.
Наградата за најдобра споредна женска улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.