Skip to main content

Најдобрите од Тортијадата

Во саботата се одржа 20-та тортијада по ред во организација на Женски Центар „Бисера“, во хотел Фламинго.

Во саботата се одржа 20-та тортијада по ред во организација на Женски Центар „Бисера“, во хотел Фламинго.

tortiИ оваа година тортијадата беше од натпреварувачки карактер, а учествуваа слаткарници од Охрид и жени аматерки. Покровител на манифестацијата е г-ѓа Марија Србиноска менаџер на „Маркети Тамаро“.

Со гласање на сите присутни гости од слаткарниците како најдобра беше избрана тортата „Розова чипка“ на слаткарница „Савита“.

Втора најдобра беше тортата „Зимска бајка“ на слаткарница „Мис“ и трета беше тортата „Тиквешки Гроздобер“ на слаткарница „Бајадера“.

Од Аматерките Прво место беше тортата „Зимски Сон“ од Билјана Костоска, Второ место тортата „Три ангели“ од Гордана Робеска и Трета тортата „Мадагаскар“ од  Валентина Адамова.