Skip to main content

Златна малина

Најлоши филмови за 2021 година

Мјузиклот за принцезата Дајана однесе дури пет награди за најлошо филмско остварување, а кошаркарската легенда Леброн Џејмс прoгласен е за најлош актер за ремек-филмот „Space Jam“ на овогодишното доделување на наградите „Златна малина“.
 |  инфодеск  | 
Мјузикл за принцезата Дајана

Годинава „Diana the Musical“ е прогласен за најлошо филмско остварување. Доделени му биле пет награди, вклучувајќи ги и оние за најлош филм и најлоша актерка.

Кошаркарскиот великан Леброн Џејмс ја освои наградата најлош актер за „Space Jam: А New Legacie“.

Мјузикл за принцезата Дајана

Наградата за најлош екрански пар отиде во рацете на Џејмс и „било кој цртан лик на Warner со кој се занимава“, додека пак филмот исто така е прогласен за најлош римејк, рип-оф или продолжение.

Мјузиклот за принцезата Дајана во „Гардијан“ беше опишан како кралски дебакл кој е толку лош што нема да ви биде добро. Други медиуми го означија како производ кој настанал исклучиво од ладен, паричен цинизам.

Мјузиклот доби и награда за најлоша режија и најлошо сценарио.

Џаред Лето кој некои го предложија за номинација за Оскар за „House of Gucci“ мора да се задоволи со „Златна малина“ за најлош спореден актер.

Брус Вилис ја имаше „честа“ да добие посебна категорија наречена „најлоша улога на Брус Вилис во филм од 2021 година“ а од осум номинирани филмови „Socmic Sin“ е оценет со најдостојно.

Инаку, „Златната малина“ се доделува за најлоши кинематографски остварувања еден ден пред доделувањето на „Оскарите“, па често беше окарактеризирана како нивен „грозен роднина“.