Skip to main content

Најмашкиот коктел во светот

Основните предрасуди во врска со мешаните пијалаци се дека тие, барем колку што нам ни е познато, спаѓаат во категоријата на женски пијалаци.

 |  Маја Савиќ  | 
пијалок
пијалок

Основните предрасуди во врска со мешаните пијалаци се дека тие, барем колку што нам ни е познато, спаѓаат во категоријата на женски пијалаци. Се знае што пијат мажите – пиво, ракија и понекогаш вино, кога сакаат да изгледаат култивирано. Благи пијалаци со азурни бои и чадорчиња за декорација – Не, благодарам. Меѓутоа, сè е до неинформираноста.
gin tonic
Џин-тоникот не е женски пијалак. Овој „жежок“ пијалак подеднакво добро лизга и низ машкото и низ женското грло. Ако некогаш се двоумите дали е тоа машки или женски пијалак или ви е непријатно во друштво што пие шест точени пива, вие да нарачате џин-тоник со парче лимон или портокал, само споменете ја приказната за настанувањето на овој легендарен и најверојатно наједноставен коктел.

koktel

Џин-тоникот настанал благодарение на комарците. Во почетокот на деветнаесеттиот век, во Индија, каде што Британците уште еднаш, како и многупати порано, а и подоцна, пробувале да ја наметнат својата власт, преку угнетувања и тиранија владеела маларијата, што ја пренесувале комарците. Британските војници секојдневно умирале, а единствен лек била кининската вода што имала ужасен вкус, но морале да ја пијат за да преживеат. И така, сосем случајно, некој дошол на револуционерна идеја, на кои денешните фанови на џин-тоникот би му биле благодарни, во кининската вода да додаде малку шеќер, сода и клучната состојка – џинот. И така, џин-тоникот е создаден! Значи, станува збор за најмашкиот пијалак во светот создаден во најсурови услови, од страна на војнички раце, затоа немојте да бидете будали и да се срамите кога нарачувате џин-тоник.



{loadposition content9}