Најмоќните коктели
Малку пијалоци се еротски како коктелите кои подеднакво се привлечни со својот вкус, но и изглед.
Малку пијалоци се еротски како коктелите кои подеднакво се привлечни со својот вкус, но и изглед. Различните бои и ефектни декорации се посебно атрактивни за жените, а умерената количина на алкохол може да ги предизвика и најсрамежливите девојки на флерт.
Главниот бармен од берлинскиот хотел “Savoy”, Имкер Озкилич, поминал долги години позади шанкот и точно знае како коктелите делуваат на поубавиот пол. Во неговата книга “33 Коктели” тој наведува рецепти за коктели кои најмногу ги “палат” жените.
Најмоќните четири коктели се следните:
“Ladykiller” (Убиец на жени)
3 cl џин
1 cl бренди од кајсијa
1 cl Коантро (ликер од портокал)
6 cl сок од ананас
6 cl сок од маракуја
Овој коктел се сервира во долгнавеста чаша, рабовите се поминуваат со портокал и се обложуваат со шекер, а на крајот се додава едно парче портокал и цреша.
“Sex on the Beach” (Секс на плажа)
4 cl водка
2 cl ликер од праска
7 cl сок од ананас
7 cl сок од брусница
Се сервира со мраз во долгнавеста чаша и се додава парче портокал.
“One Night Stand” (Aвантура за една вечер)
3 cl Drambuiе (алкохол добиен од зашекерено виски, мед и лековити билки)
2 cl сок од портокал
1 cl сок од лимон
шампањ
Во чашата се сипаат измешаните сокови и ликерот и на крај се додава малку шампањ.
“Pretty Woman” (Убава жена)
2 cl ликер од праска
1 cl крем
2 cl сок од калинка
1 cl ликер од кокос
10cl сок од ананас
Се меша со мраз и се сервира во долгнавеста чаша.
{loadposition content9}