Најопасното суштество на планетата
Не станува збор за ајкулата, ниту за змијата. Најопасното суштество во светот е маларискиот паразит кој го носат комарците. Низ целиот свет, овој паразит убил повеќе луѓе од сите војни и природни катастрофи.

Маларијата ретко се наоѓа во развиените земји, но таа сè уште претставува страшен убиец во тропските региони. Секоја година, болеста предизвикува приближно 2,7 милиони смртни случаи низ целиот свет. Од овој број, речиси 75% се африкански деца.
Паразитот кој ја предизвикува маларијата е наречен плазмодиум. Постојат 4 видови од овој паразит и секој од нив има свои карактеристики.
Од маларија, годишно заболуваат 350-500 милиони луѓе. Засега, не постои сигурна вакцина, но постојат превентивни лекови. Сепак, овие лекови се премногу скапи за повеќето луѓе кои живеат во регионите каде го има комарецот кој ја пренесува маларијата.
{loadposition content9}