Skip to main content

Кое е најромантично време од денот?

Едно дамнешно истражување направено од група британски специјалисти покажало дека најромантичен дел од деноќието е 12 часот на полноќ. Не случајно, потенцијалниот партнер за да ве освои ве поканува на романтична вечера, наместо на утрински појадок.

 |   | 
sostanok
sostanok
sostanokЕдно дамнешно истражување направено од група британски специјалисти покажало дека најромантичен дел од деноќието е 12 часот на полноќ. Не случајно, потенцијалниот партнер за да ве освои ве поканува на романтична вечера, наместо на утрински појадок.

Но, на овој стереотипен податок од истражувањето му се закануваат податоците од најновото  истражување според кое периодот од 12 – 14 часот напладне е со голем „романтичен потенцијал“.

Во последните шест месеци, параметрите од истражувањето покажале дека жените за 22  проценти повеќе прифаќаат состанок со партнерот за време на својата пауза од работа, односно од  12- 14 часот.

Експертот за меѓуполови односи и љубовни врски Brett Harding смета дека ова особено се однесува на првиот состанок кој е одлучувачки за натамошниот тек на врската.
sostanokОсобено актуелното запознавање преку социјалните мрежи ги наведува жените да се одлучат паузата од работа да ја искористат за запознавање со потенцијалниот партнер и во случај да не се задоволни набрзина да се вратат. Таква можност би немале кога би прифатиле романтична вечера која ќе трае до полноќ, а и времето е сосема доволно за да се стекне впечаток за една личност.

Како дел од истражувањето се наведува и фактот дека за позитивен впечаток доволни се само три минути кои одлучуваат дали и следната пауза од работа ќе му ја посветите нему, а подоцна и некоја вечера до полноќ.

{loadposition content9}