Најскапата банкнота во светот
Првата австралиска банкнота, издадена на 1 мај 1913-та година, се продава за 3.6 милиони долари.
Првата австралиска банкнота, издадена на 1 мај 1913-та година, се продава за 3.6 милиони долари. Банкнотата е со номинална вредност од 10 шилинзи (околу 1 долар денес.) и била подарок од австралискиот премиер Андреј Фишер за ќерката на британскиот генерал-гувернер на Австралија лорд Денман. 5-годишната Џудит Денман лично го напишала серискиот број – M000001.
Во 1914-та година Лордот се враќа со семејството во Англија. Џудит починала таму во 1987-та година, а 12 години подоцна меѓу личните предметите е откриен пликот со вредната банкнота. Тогаш таа е вратена во Австралија и е продадена за 1 милион долари. При повторна продажба во 2008-та година достигна банкнотата достигна вредност од 1.97 милиони долари.
{loadposition content9}