Најтивкото место на светот
Во оваа празнична бучава, најтивката соба на светот може да звучи примамливо. Само треба да знаете дека во неа никој не издржал повеќе од 45 минути.
Во оваа празнична бучава, најтивката соба на светот може да звучи примамливо. Само треба да знаете дека во неа никој не издржал повеќе од 45 минути.
Најтивкото место на оваа планета се наоѓа во лабораториите Орсфилд во Минесота. Тивко е толку што звукот во неа се мери во негативни 9 децибели.
Ниедно човечко тело досега не издржало повеќе од 45 минути во оваа соба во која апсолутно нема никакво одбивање на звукот, никакво ехо.
“Колку потивка е просторијата, толку повеќе звуци слушаш. Почнуваш да си го слушаш срцето, дишењето на белите дробови, работата на стомакот. Во оваа соба без ехо, самиот стануваш звук,” вели основачот на лабораторијата која не се користи само за предизвикување на луѓето туку и за тестирање комерцијални производи.
Ваквиот без-звучен простор прави особени проблеми во движењето и снаоѓањето во просторот. Во одењето човек се ориентира според околните звуци а ваму нема никаква помош па ако некој и може да издржи повеќе од половина час, задолжително треба да седи.
Следниот пат кога ќе го замолите севишниот за малку тишина во вашиот живот, за свое добро, бидете прецизни.
{loadposition content9}