Напад со киселина во Лондон
Најмалку 12 лица се повредени во напад извршен со киселина, во еден ноќен клуб во Лондон, соопшти Скотланд Јард.
Најмалку 12 лица се повредени во напад извршен со киселина, во еден ноќен клуб во Лондон, соопшти Скотланд Јард.
Нападот бил извршен вчеравечер, по полноќ, кога во клубот, во лондонската населба Хакни имало околу 600 гости.
Сите повредени имаат изгореници по делови од телото, а дестмина од нив биле префрлени во болница.
Претставник на екипата за Брза помош изјавил дека ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.
По интервенцијата на полицијата и на спасувачките екипи, сите присутни во клубот биле извлечени од клубот.
Првите наоди од истрагата покажуваат дека станува збор за „силна киселина“ на засега непозната корозивна супстанца.
Претставник на Скотланд Јард рекол дека во овој момент никој не е уапсен, но се испитува кој и зошто фрлил киселина во ноќниот клуб , во моментот кога во него имало многу посетители кои се забавувале.