Skip to main content

Во четврток во Охрид мол ќе се одржи настанот „Напиши стих – купи кафе“

Oд 10 до 13 часот во „Nocciolino“ во Охрид мол ве чека парче хартија и топло кафе.
 |  инфодеск  | 

Во четврток на 19 март НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Охрид мол и кафетеријата „Nocciolino“  од 10 до 13 часот во пресрет на 21 Март – Светскиот ден на поезијата ќе го одржат настанот: „Напиши стих – купи кафе“ .

Оваа иницијатива е почната во 1999-та година, кога УНЕСКО во Париз го прогласи  21 Март за Светски ден на поезијата, а ние веќе шеста година НУ Библиотека „Григор Прличев“ го организира настанот во Охрид.

Најважно е да се дружиме, да сме  креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на Вашето присуство.  Во „Nocciolino“ во Охрид мол ве чека парче хартија и топло кафе, порачуваат од библиотеката.