Народен Театар Охрид премиерно ќе ја одигра нушиќевата “Госпоѓа Министерка”
“Госпоѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски е новата претстава во продукција на Народен Театар Охрид/НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.
Претпремиерата на претставата е закажана за петок, 26.04.2024 г, со почеток во 20:00 часот, во малата сала при охридскиот Центар за култура. Во сабота, на 27.04.2024, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра премиерата.
Играат: Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.
Дизајн и избор на музика: Благој Мицевски; Инспициент Филип Ангеличин – Жура; Драматург Кристина Т. Петреска; Светло мајстор Борис Велјаноски; Тон Мартино Спироски; Видео материјали Марјан Георгиевски; Директор на НУ ЦК „Григор Прличев“ Горан Симоноски.
Карти се пуштени во продажба на билетарата на Центар за култура „Григор Прличев“ по цена од 250 денари, од вторник 23.04.2024 година.