НАСА:„Новата Земја“ се вика Kepler 22b
Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека нејзиниот вселенски телескоп „Кеплер“ открил планета надвор од Сончевиот систем на која постои можност за живот.
| | Сцена & Муабети
Kepler 22b
Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) соопшти дека нејзиниот вселенски телескоп „Кеплер“ открил планета надвор од Сончевиот систем на која постои можност за живот.
Планетата, која е наречена Кеплер 22б, е прва за која НАСА тврди дека има услови погодни за развој на жив свет. Тоа незначи дека на оваа планета навистина постои живот, туку само дека постојат услови за негов развој.
Кеплер 22б ротира околу своето сонце на константна оддалеченост, што упатува на заклучокот дека е можно на планетата да има вода и дека температурата и атмосферата се погодни за живот.
– Имаме потврда дека постои планета на која има услови за живот. Сигурни сме дека таа планета се наоѓа во зона погодна за живот и доколку има површина на неа би требало да преовладува благопријатна температура, изјави главниот истражувач на проектот „Кеплер“, Бил Бораки.
Кеплер 22б, која се наоѓа на околу 600 светлосни години од Земјата, е за 2,4 пати поголема од нашата планета и ротира околу своето сонце за 290 дена. Меѓутоа, научниците не знаат дали оваа планета е во карпеста, гасовита или течна состојба.
НАСА соопшти дека телескопот „Кеплер“ открил уште околу 1.000 планети на кои потенцијално постојат услови за живот, но дека Кеплер 22Б е првата за која може да се тврди такво нешто.
Телескопот „Кеплер“ има мисија да трага по планети слични на Земјата, кои како и нашата планета орбитрираат околу своите Сонце. „Кеплер“ е опремен со најголема камера која кога и да било е испратена во Вселената, со резолуција од 95 мегапиксели. Овој телескоп се очекува да продолжи да испраќа информации на Земјата до ноември 2012 година.
Кеплер 22б е третата егзопланета за која астрономите тврдат дека исполнува услови за развој на живот. Покрај оваа, со такви карактеристики се и планетите Глиесе 581Д, која во мај оваа година ја открија француски астрономи и ХД 85521Д, лоцирана во август годината од страна на астрономи од Швајцарија.
{loadposition content9}