Наскоро ќе нема ќелави??
Научниците откриле која е биолошката причина зошто мажите проќелавуваат.
Американските научници ги тестирале глувците и ќелавите луѓе кои волонтирале за истражувањето, а било утврдено дека постои протеин кој го предизвикува слабеењето на влакното, тенчењето на косата и поради тоа и нејзиното опаѓање.
Научниот весник за медицина објави дека истражувачите веќе тестирале потенцијални лекови и дека развиваат нови начини како да се изборат со ќелавоста на мажите.
Имено, тие сакаат да направат крема со која би се третирале раните симптоми на ќелавост.
Поглемиот број на мажи почнуваат да ја губат косата во средното доба, а околу 80% од нив го губи најголемиот дел од косата до 70-тата година.Главната улога во ќелавењето ја игра машкиот полов хормон – тестостеронот, како и генетиката.
Еден конкретен протеин го започнува процесот, а потоа, хормонот и генетиката го предизвикуваат намалувањето на количината на влакна.
{loadposition content9}