Наскоро новиот роман на Стивен Кинг
Култниот американски писател Стивен Кинг на својата официјална веб страница го најави излегувањето на неговиот нов роман, “Revival” во ноември оваа година.
Култниот американски писател Стивен Кинг на својата официјална веб страница го најави излегувањето на неговиот нов роман, “Revival” во ноември оваа година.
Според описот објавен на неговата веб страница, во новиот роман љубителите ќе можат да прочитаат за животот и односот помеѓу Чарлс Џејкоб и Џејми Мортон.
Чарлс е нов свештеник во малиот град во Нова Англија, а Џејми е момчето со кое Чарлс ја дели заедничката тајна опсесија.
По семејната трагедија, Чарлс се откажува од вербата во Господ и ги исмејува сите религиозни верувања, за што е протеран од градот.
Џејми и Чарлс, повторно ќе се сретнат, а нивната средба ќе има кобни последици за двајцата.
Романот ќе можете да го најдете на пазарот од 11-ти Ноември, 2015.
{loadposition content9}