Skip to main content

Наскоро излегува „Охридски музички бисерник (песнарка)“, ново издание посветено на охридската староградска песна

Изданието е помогнато од Општина Охрид. Издавач е ПНВ Публикаци.
 |  инфодеск  | 

Љубителите на охридската музичка традиција наскоро ќе добијат ново вредно издание: „Охридски музички бисерник (песнарка)“, дело на Андреј Лаброски, реализирано во соработка со ансамблот ВИС „Билјана“.

Книгата содржи нотни записи, текстови и неколку приказни за најпознатите охридски староградски песни, со што претставува значајно сведоштво за богатото музичко наследство на Охрид.

Изданието е помогнато од Општина Охрид. Издавач е ПНВ Публикаци.