Наскоро стартува Фестивалот на вино и сирење во Охрид
Фестивалот планирано е да се одржи на 21-ви и 22-ри август.
Оваа манифестација, како што информираат од општината, дава голем придонес за збогатувањето на туристичката понуда на градот во овој период од годината, а и овозможува остварување на директни контакти со претставниците од бизнис секторот.
Фестивалот се организира во соработка со прекуграничниот регион Преспа, а е дел од програмата на АБДА. Ќе се одржи на плоштадот Чинар, а дегустацијата и презентацијата на вино и сирење ќе биде збогатена со музичка програма.