Не е лошо да се биде сингл
Иако навидум не е така, има и убави моменти во тоа да сте без партнер.
Кога ќе ги прочитате овие тврдења ќе се чувствувате поубаво самите со себе и фактот дека сте сингл нема да изгледа толку лошо.
-Самите донесувате одлуки и се е по ваше! Кога сте во врска секогаш мора да се прилагодувате на партнерот и да водите сметка за неговите барања, мислења и чувства.
-Кога сте сингл сами одлучувате – каде ќе одите вечер, каде ќе одите на одмор, кој филм ќе го гледате и со кого ќе се дружите.
-Вашите пари се само за вас! Никому не треба да му приложувате сметка како за гардероба сте ја потрошиле целата плата. Момците не плаќаат дупло, а девојките не треба да објаснуваат зошто третман за лице чини 1000 денари.
-Можете да бидете подобар пријател! Кога ќе влезете во долга врска, целовечерните излегувања со друштво се сомнителни. Вашиот партнер редовно ќе ве праша зошто баш вие мора да го тешите пријателот, зошто заедно мора да одите на шопинг или што правевте заедно цел викенд.
-Самостојни сте! Кога сте сингл немате туѓи проблеми, не мислите за двајца и не треба никому да се оправдувате. Живеете сами за себе, па тоа „сами“ и не звучи толку лошо.
-Цел кревет за вас! Ако сакате да спиете раширени на цел кревет – повелете. Прекривачот и пернизата се само за вас. Не е ни страшно ако хрчите или се лигавите во сон.
-Не мора секој ден да се бричите и депилирате! Во зимскиот период не ви е секој ден до депилација и бричење. А кога сте сингл, никој нема да ви замери.
-Можете да се фокусирате на кариерата! Имате толку слободно време само за вас, што лесно ќе се фокусирате на вашите приоритети. Кариерата како цел, главата горе и само напред!
-Вие сте секогаш на прво место! Нема поважна личност на светот од вас. Вие сте си најважни, вашите приоритети се пред се. Одлучете сами како ќе си го поминете денот или викендов.
{loadposition content9}