Skip to main content

„НЕ“ за „Мекдоналдс“

Австралискиот град Текома со околу 2.000 жители источно од Мелбурн, веќе две години кажува -„не“ на познатиот американски синџир на брза храна Мекдоналдс.

logo
лого

Австралискиот град Текома со околу 2.000 жители источно од Мелбурн, веќе две години кажува -„не“ на познатиот американски синџир на брза храна Мекдоналдс.

Во одбрана на градот тие користат ненасилни методи: улични протести, онлајн петиции, мобилизација преку социјални мрежи, а лани седиштето на Мекдоналдс во Австралија доживеа инвазија од џуџиња за во градини.

sostanokБројни се причините зошто жителите на Текома не сакаат Мекдоналдс (таму го викаат Мака) да „влезе“ кај нив. Едни стравуваат дека ресторанот би го пореметил мирот на градот, други се загрижени за децата, за зголемувањето на сметот, па и заради можен вандализам.

– Тоа не би било добра пример за нашите деца, вели една загрижена мајка.

{loadposition content9}