Skip to main content

Недела за љубителите на шпанскиот филм во Охрид

Aмбасадата на Шпанија во Република Македонија, заедно со Министерството за култура, Кинотеката на Македонија и НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид , во Охрид организираат Ревија на шпански филмови.

metod

ku;eto na gradinarotФилмските проекции се во периодот од 20јули (понеделник) до 26 јули (недела). Ревијата содржи седум филмови од поновата продукција на шпанската кинематографија со различни жанрови. Меѓу нив има и неколку филмови кои се добитници на повеќе национални, но и меѓународни награди.

Ќе биде тоа можност за средба со филмовите на една од најдобрите европски кинематографии чии филмови,режисери, актери, сценаристи се врв и во светски рамки.

За тоа најдобро говорат успесите на шпанската кинематографија што таа ги постигнува на најпознатите филмски фестивали во Европа, но и ширум светот. Шпанската кинематографија може да се пофали со четири освоени оскари во категоријата најдобар странски филм и со дури 19 номинации за оскар во оваа категорија.