Неговата совршена девојка има четири тркала
Mажите им се поверни на своите автомобили отколку на сопругите. Просечниот Британец повеќе време поминува во одржување на својот автомобил, отколку во кревет со својата сопруга.
Едно британско истражување покажува дека мажите им се поверни на своите автомобили отколку на сопругите. Просечниот Британец повеќе време поминува во одржување на својот автомобил, отколку во кревет со својата сопруга.
Во ова истражување учествувале повеќе од 2 илјади мажи и покажало изненадувачки резултати.
Мажите се три пати посреќни кога своите пари ги трошат за автомобилот, отколку за своите сопруги или девојки. При тоа ни жените не заостануваат многу , 17 проценти од нив се однесуваат на истиот овој начин кога станува збор за пари.
Британците, исто така многу повеќе се грижат за состојбата на гумите, отколку за своето здравје. Но сепак 50 проценти од нив, признаваат дека им е многу полесно да се грижат за одржавање на автомобилот отколку за својата партнерка, а 13 проценти од испитаниците повеќе време поминуваат во автомобилот отколку во спалната соба со својата сакана.
Еден од десет мажи признава дека повеќе го фасцинира новата линија на марка автомобили, отколку витката линија на девојката или сопругата. А 14 проценти од мажите зборуваат повеќе за своите автомобили, отколку за девојките .
Кога се во прашање автомобилите и мажите и жените се сложуваат во едно, а тоа е дека со добар спортски автомобил може многу полесно да се освои момче или девојка.
{loadposition content9}