Јуниор Евросонг
Македонија седма на „Јуниор Евросонг“, Нела Манческа со магичен настап на сцената во Грузија
„Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја воодушеви Европа
Вчера во Тбилиси, Грузија, се одржа 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle. Нела го освои 5-тото место од жирито, но 7-мо од вкупниот број на гласови заедно со публиката Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија.

Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Настапот на Нела Манческа беше награден со силен аплауз од присутните во салата, а нејзината енергична и моќна интерпретација на песната остави силен впечаток. „Miracle“ е авторско дело на Лазар и Магдалена Цветкоски, кои го потврдија својот талент на европската сцена.