Skip to main content

Раст на продажбата на брза храна и покрај повисоките цени

Нема криза за продажбата на брза храна

Поскапеното мени на скоро сите светски брендови, во просек за околу 10 проценти, не ги одврати потрошувачите да потрошат повеќе на „нездрава храна“.
 |  инфодеск  | 
брза храна

Потрошувачите се подготвени да трошат пари на брза храна и покрај високите цени.

Од најновите резултати за заработката на ланците ресторани за брза храна, може да се види дека поскапувањето не влијаело негативно на побарувачката, напротив таа се зголемила а со тоа и профитот.

Повисоките цени во комбинација со помалата флуктуација на вработените помогнаа да врвните играчи во индустријата да стигнат до двоцифрен раст, пренесува Сибиз. Така, во првиот квартал од годинава, продажбата на „Мекдоналдс“ е зголемена за 12,6 отсто во однос на претходната година, на „Чипотл“ за 10 отсто, на „Тако Бел“ за 9 отсто, додека прометот во „Старбакс“ е повисоки за 12 проценти. Ова се случува откако сите брендови ширум светот ги зголемија цените на менито во просек за околу 10 проценти.