Skip to main content

Нема секс за банкарите поради неповолните кредити

Проститутките од висока класа во Шпанија излегоа на штрајк.

 |   | 
lingerie
lingerie

lingerieПроститутките од висока класа во Шпанија излегоа на штрајк. Во текот на целиот штрајк тие ќе нема да ги даваат своите услуги на моќните банкари се додека не почнат да даваат кредити на најсирамошаните слоеви од општеството.


Мадритските ескорт дами велат дека нивниот штрајк ќе заврши оној момент кога банкарите ќе ги „исполнат своите должности кон општеството“ и ќе почнат да даваат поголеми и поповолни кредити на Шпанците кои поради рецесијата едвај спојуваат крај со крај.

Меѓутоа, со цел да ги „надитрат“ многу банкари се претставувале како архитекти или инжинери .

„Таквите обиди не успеале да излажат никој. Поминаа времињата кога припадници од овие бранши можеле да си допуштат на себе една ваква девојка, чија цена е околу 300 евра за еден час. Штрајкот трае три дена и мислиме дека нема да можат уште долго да издржат“, изјавила една од дамите за забава позната под името Ана МГ.

Машкиот сајт SDPnoticias, кој прв ја објави оваа приказна, пишува дека банкарите се толку многу очајни што барале од државата да се вмеша и да го прекине штрајкот.

{loadposition content9}