Skip to main content

Народен театар Охрид

„Несфатената цивилизација“ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид

„Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.
 |  инфодеск  | 
Несфатената цивилизација

Народен театар Охрид во сабота (16.09.2023 година) од 22:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева.

Улогите во оваа гротескна комедија во два чина ги играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест, вели за претставата режисерката Ристевска- Петрушева.

Влезници на билетарата на Центар за култура по цена од 200 денари.