Skip to main content

Невино бел и студен убиец – фрижидер

Ќе се изненадите од најновата студија која открива некои интересни детали.

 |   | 
frizider
frizider

Студијата вели дека салатата во фрижидер може да содржи до 750 пати зголемено ниво на бактерии кои се сметаат за безбедни,со потенцијал да бидат смртоносни како E.Coli 0157 и салмонелата.
frizider
Според Food Standard Agency, секоја година во Велика Британија околу милион луѓе страдаат од болести предизвикани од храната.

Дваесет илјади од нив примиле болничко лекување и 500 од нив умреле од труење со храната. Исто така труењето со храна економијата ја чини 1,5 милијарди фунти годишно.

– Многу луѓе погрешно веруваат дека ладната храна ги убива бактериите. Фрижидерот само го забавува множењето на бактериите, па така храната трае подолго, отколку да стои на собна температура. Сепак, многу од нас неправилно ја чуваат храната во фрижидерот. Се препорачува температура од 5 степени, додека на некои фрижидерот термостатот им е наместен на 6 степени целзиусови. Идеално би била температура од 4 степени, вели професор Том Хампфри од Institute of Infection and Global Health при универзитетот од Ливерпул.
frizider
Исто така професорот советува почесто чистење, како и да внимаваме да не го преполнуваме фрижидерот каде што ја чуваме храната.

– Месото треба да се чува на пониските полици во фрижидерот, а не на најгорните. Златно правило е поради хигиена суровото месо да се чува на дното на фрижидерот,. Исто така храната треба да се чува посебно во зависност од процесот на подготвоката, на пример дали е зготвена или не. Рибата генерално е чиста од бактерии, но брзо се расипува, советува професорот.

Исто така Том Хампфри вели дека мора да бидеме внимателно со сирењата и кашкавалите.

– Сирењата се чуваат одделно едно од друго, било да станува збор за биено или бело сирење, бидејќи бактериите може да се пренесат од едно на друго. Исто така зеленчукот треба да се чува одвоено од другата храна, а треба да се внимава и на неговата хигиена, вели тој и додава дека не треба да се водиме според мирисот на храната за да дознаеме дали е расипана или не.

{loadposition content9}