Skip to main content

Ноле, Сталоне и Чак Норис

На покана на Силвестер Сталоне, Новак Ѓоковиќ отпативал во Софија каде што се снима продолжението на “Платеници“ и најверојатно светскиот рекет број 1 ќе се приклучи на една многу опасна багра тепачи.

 |   | 
Nole
Nole
На покана на Силвестер Сталоне, Новак Ѓоковиќ отпативал во Софија каде што се снима продолжението на “Платеници“ и најверојатно светскиот рекет број 1 ќе се приклучи на една многу опасна багра тепачи.
Nole
Според информациите на бугарската агенција “Новините“, најдобриот тенисер во светот би можел да се појави во филмот заедно со Силвестер Сталоне, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Жан Клод Вам Дан и Чак Норис.

Наводно, на Новак му била понудена помала улога во продолжението на филмот “Платеници“, кое веќе некое време се снима во Софија. Екипата моментно е на пауза, но снимањето почнува повторно во петок. Не е сигурно дали српскиот тенисер веднаш ќе им се придружи на сетот.

Исто така, постои опција Новак некои сцени да снима во Кина каде ќе се снима остатокот од филмот.
ex2
Тенисерот се уште ништа не потврдил, ниту продуцентот на филмот, но Новак неодамна изјави дека постои можност да се “проба“ како актер.

“Зашто да не. Би можел наскоро да прифатам некоја улога, ако имам време. Би го сакал тоа. Шоу бизнисот е нешто што многу ме интересира, сакам да гледам филмови и да бидам дел од нив. Тоа е и дел од мојата личност“, изјавил Новак.

{loadposition content9}