Нов успех на танчерите од „Соната“
Неделата во Врњачка Бања, Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид.
Неделата во Врњачка Бања, Р. Србија, се одржа меѓународен танцов натпревар на кој учество зедоа над 1600 натпреватувачи. Дел од ова најголемо балканско танцово натпреварување беа и членовите на Студиото за танц “СОНАТА” од Охрид.
Натпреварувањата започнаа во 9 часот на утро, а завршија во 3:30 после полноќ. И покрај големата и силна конкуренција охриѓани танцуваа во финалињата во сите пријавени категории и застанаа на педесталот со освоени медали за секоја од нив.
Климентина Гилевска во категоријата класичен балет соло јуниор жени го освои златото, а Сара Сталевска во истата категорија се закити со сребро. Во модерен балет соло јуниори жени, пак, Сара Сталевска го освои второто, а Климентина Гилевска третото место. Нивниот кореограф примабалерината Ана Савиќ презадоволна од остварените резултати вели дека охриѓани покажаа дека балетот кој се негува кај нас е на високо ниво и воопшто не заостануваме зад големите балетски центри.
Во категоријата хип хоп соло јуниори жени Олгица Симеонова го освои второто место, а заедно со Јетон Мусли во хип хоп дуо возрасни го освоија третото место. Јетон Мусли во категоријата хип хоп соло возрасни мажи ја освои бронзата.
Даниел Наумовски, менаџер, танцов тренер и кореограф во “СОНАТА” презадоволен од севкупниот пласман најавува уште успеси: “На меѓународниот танцов натпревар во Врњачка Бања покажавме дека како студио сме меѓу најдобрите и дека тоа што го работиме е на високо професионално ниво. За жал е навистина тешко да се докажуваме на меѓународно ниво од причина што речиси целиот трошок паѓа врз натпреварувачите. Во моментов имаме голема поддршка од градоначалникот и Општина Охрид, но тоа не е доволно. Ги повикуваме сите општествено одговорни компании да инвестираат во оваа гранка на културата и спортот, зашто танцот е една уникатна можност младите преку забава да се грижат за своето здравје.”
На 27 декември Јетон Мусли и Олгица Симеонова патуваат за Парачин каде ќе се натпреваруваат на натпревар на кој учествуваат само 350 танчери, за кои може да се каже дека се најдобрите на балканот. Двајцата се меѓу фаворитите за првите три места во своите категории.
{loadposition content9}