Нова песна и спот на Александра Јанева
Александра Јанева деновиве ја изненади јавноста со нова песна насловена „Глумиме“ која ја претстави заедно со спот.
„Испровоцирана“ од обожавател кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, било доволно Јанева да се инспирира и заедно со композиторот Лазар Цветкоски да создадат музичко дело кое сигурни сме дека ќе допре до секој од вас.
Музиката и текстот на песната се дело на Александра Јанева и Лазар Цветкоски кој воедно го направил и аранжманот, а се потпишува и како продуцент. Режисер на спотот повторно е Ѓорѓи Вацев со кого веќе имаат одлична соработка.
Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа – вели пејачката Јанева.
Рефренот има доста силни зборови во кои веруваме дека ќе се пронајдат многумина од вас, а тој гласи вака: „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“.
Александра токму со овие зборови се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време.
Инаку, покрај Јанева, во спотот се појавува и моделот Илија Андов кој одлично си ја заврши својата работа.
Во продолжение уживајте во спотот за песната „Глумиме“ на Александра Јанева.