Skip to main content

Македонска поп сцена

Нова песна и спот на Александра Јанева

Александра Јанева пред извесно време вели дека ја создала својата нова нумера со наслов „Глумиме“ во еден здив. Испровоцирана од обожавател, кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, пејачката и композиторот Лазар Цветкоски создадоа одлично музичко дело.
 |  инфодеск  | 
Александра Јанева

Александра Јанева деновиве ја изненади јавноста со нова песна насловена „Глумиме“ која ја претстави заедно со спот.

„Испровоцирана“ од обожавател кој на социјалните мрежи се дрзнал и напишал навредлива порака, било доволно Јанева да се инспирира и заедно со композиторот Лазар Цветкоски да создадат музичко дело кое сигурни сме дека ќе допре до секој од вас.

Музиката и текстот на песната се дело на Александра Јанева и Лазар Цветкоски кој воедно го направил и аранжманот, а се потпишува и како продуцент. Режисер на спотот повторно е Ѓорѓи Вацев со кого веќе имаат одлична соработка.

Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа – вели пејачката Јанева.

Рефренот има доста силни зборови во кои веруваме дека ќе се пронајдат многумина од вас, а тој гласи вака: „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“.

Александра токму со овие зборови се појавила пред студиото на Лазар Цветкоски и двајцата песната ја создале за кратко време.

Инаку, покрај Јанева, во спотот се појавува и моделот Илија Андов кој одлично си ја заврши својата работа.

Во продолжение уживајте во спотот за песната „Глумиме“ на Александра Јанева.