Нова трагедија во САД
Двајца мажи и жена биле убиени во Волмарт супермаркет во северните предградија на Денвер, во американската држава Колорадо, кога вооружен напаѓач отворил оган врз купувачите.
| | Сцена & Муабети
Двајца мажи и жена биле убиени во Волмарт супермаркет во северните предградија на Денвер, во американската држава Колорадо, кога вооружен напаѓач отворил оган врз купувачите. Полицијата се уште трага по напаѓачот.
Очевидците опишаа дека одеднаш слушнале гласни истрели кои доаѓале внатре од супермаркетот, првин два истрели, а потоа уште три или четири, по што сите купувачи почнале да се евакуираат.
Полицијата ги пребарува снимките од безбедносните камери за да го утврди идентитетот на напаѓачот. Засега нема информации за неговиот мотив.