Skip to main content

ООМУ „Методи Патче”

Новогодишен концерт „Ехо од Македонија“ на ООМУ „Методи Патче”

Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот од 19 часот, а влезот е слободен.
 |  инфодеск  | 

Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид ќе го одржат традиционалниот Новогодишен концерт во вторник, 23 декември.

-Ве покануваме на свечен новогодишен концерт „Ехо од Македонија“, на кој учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето.

Концертот ќе се одржи во хотел „Инекс Олгица“ (Дијамантска сала) со почетокот од 19 часот, а влезот е слободен.