Новогодишната елка го убива стресот
Дали ја накитивте елката? Ако не сте го направиле тоа, направете го веднаш! Истражувањата покажаа дека гледањето во елката релаксира.
Дали ја накитивте елката? Ако не сте го направиле тоа, направете го веднаш! Истражувањата покажаа дека гледањето во елката релаксира.
Од накитената елка ќе имате корист во повеќе погледи. Таа ќе придонесе свечена празнична атмосфера во вашиот дом, но и опуштање по напорниот и стресен ден, какви и воглавно се деновите пред Нова година.
Научниците од Универзитетот во Есекс спроведоа истражување кое покажало дека само 5 минути се доволни да гледате во зелените гранки на елката и да се почувствувате многу подобро. Зелената боја позитивно влијае на нашето здравје, но и на нашата самодоверба.
Можеби најважно од се е тоа што гледањето во елката ја намалува депресијата, која често не прати за време на празничните денови.
Ако елката во вашиот дом претставува „кич“ во кој баш и не уживате, тогаш најдете време и излезете на прошетка во паркот да ги гледате преубавите зелени четинари. Научниците тврдат дека влијанието е исто.
{loadposition content9}