Skip to main content

Н.У Библиотека Григор Прличев

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

Утре – среда од 12.00 часот НУ библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид  и оваа година традициoнално ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право кој е прогласен од УНЕСКО во 1995 година.
 |  инфодеск  | 
piled books on brown wooden shelf

Од установата информираат дека утре во Прличевата одаја ќе бидат прогласени најчитателите за 2024, за деца и возрасни, најчитаните автори и дела а на бројни  донатори на книги ќе им бидат врачени благодарници.

Годинава, македонската порака ја напиша проф. д-р Славица Велева а ќе биде прочитана и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО.

Овој датум се одбележува во целиот свет на 23 април, секоја година како симболичен датум во светската книжевност бидејќи токму овој ден е поврзан со  брилијантните личности на пишаниот збор како Мигуел де Сервантес, Вилијам Шекспир.