Skip to main content

Објавен конкурсот за најдобар расказ по повод „Вечер на Живко Чинго“

Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2024 г
 |  инфодеск  | 

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ.   

Услови за учество на Конкурсот:

  1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Maкeдонија;
  2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:  ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнакаЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;
  3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок;
  4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2024 г.;
  5. Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2024 г.

Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти.