Skip to main content

Патот на водата

Објавен трејлерот за вториот дел на Аватар

„Патот на водата“ е продолжение на блокбастерот од 2009, кој останува филм со најголема заработка во историјата.
 |  инфодеск  | 
Аватар

Џејмс Камерон го објави трејлерот за долгоочекуваниот втор дел на „Аватар“.

„Патот на водата“ е продолжение на блокбастерот од 2009, кој останува филм со најголема заработка во историјата.

Дејството се случува повеќе од десет години по оригиналниот филм и ја раскажува приказната за семејството Сули.

Камерон со години ги развиваше продолженијата на „Аватар“, при што снимањето на „Патот на водата“ почна во 2017 и се одвиваше паралелно со третиот филм, кој треба да излезе во 2024. Тој исто така работи на четвртиот и петтиот дел, чии премиери се предвидени за 2026 и 2028 година.

Камерон најмногу време потрошил на развивањето филмска технологија за снимање сцени под вода.

„Патот на водата“ ќе се прикажува во Синеплекс од 15 декември.