Очекувана победа на Влатко
Ако минатата година за малку немаше среќа, годинава Влатко ништо не остави на случајот и целосно се посвети на остварување на својата амбиција. Одржа два солистички концерта, концерт со матичната групa „Морал” и го издаде својот втор албум. Победата на Влатко Илиевски е убедлива со оглед на фактот што беше прв и од телевоутингот и според гласовите на 15-членото жири. По победата изјави:„Сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене и ме поддржаа. Се подготвував цела година и искрено имав амбиција да победам“.
Не смее а да не се издвојат настапите на: Мартин Србиносвски, полн со енергија, разигран, светски; и на БобИ Мојсоски, прекрасна вокална интерпретација на „Те краде тој“.
Од годинава, Скопскиот фестивал започна нова традиција на доделување награди. Освен на победничката, беа доделени уште четири награди : второпласиранара „Рам там там” на Мартин Србиновски (предизвика најмногу овации во салата) и третопласираната „Секој ден” на Offside (изненадување на вечерта) ќе учествуваат на годинашниот фестивал „Сунчане скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Наградата за интерпретација Тоше Проески што ја доделува меѓународната фондација „Тоше Проески” ја доби Лидија Кочовска за песната „Божји патеки”, додека Драган Ѓаконоски Шпато постхумно ја доби наградата за посебен придонес и ангажман на Скопскиот фестивал.
На 56-иот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи на 10, 12 и 14 Мај во арената „Фортуна” во Дизелдорф, Македонија ќе настапи во втората полуфинална вечер. Веруваме дека Влатко Илиевски со „Русинка” ќе го прекине тригодишното не влегување во финале на нашите претставници. Песната е дело на Јован Јованов, Григор Копров, Слаткар и Владимир Дојчиновски. Симптоматичен е насловот кој е меч со две сечила. Очигледна е намерата на авторите преку песната да се додворат на Русија и земјите од поранешниот СССР кои се 9 на број и кои може да ни доделат поени. Наспроти тоа, прашање е колку песната ќе им се допадне на западноевропските држави. Од нашите соседи по автоматизам очекуваме поени. Без поглед на се, уверени сме дека ќе ги разберат двата збора од рефренот „Какалин“ и „Камаја”.
Во периодот кој следува, Влатко Илиевски ќе снима видео спот за песната, ќе има претставувања во други земји учеснички и ќе работи на пресната и кореографијата.
Е па, среќно!
{loadposition content9}