Skip to main content

Од недела летно сметање на времето

Во недела, 30-ти март, ќе започне летното сметање на времето.

сат

Во недела, 30-ти март, ќе започне летното сметање на времето. Стрелките во два часот наутро ќе се поместат за еден час нанапред, што значи дека ќе биде три часот, а граѓаните ќе спијат еден час помалку.

времеЛетното сметање на времето е конвенција преку која што се поместуваат часовниците така што ќе има повеќе дневна светлина,а за сметка на тоа утрата ќе бидат пократки. Овој систем е предложен во 1905-та година од страна на Вилијам Вилет, а прв пат беше широко применет во 1916-та година, како военовременска мерка насочена за заштеда на јагленот.

Денес во Европа е прифатена конвенција летното сметање на времето започнува во последната недела од март, а завршува во последната недела на окотмври. Во САД летното сметање на времето започнува во втората недела од март, а завршува во првата недела на ноември.

Летното сметање на времето генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Исто така, се заштедува електрична енергија, а според некои пресметки се заштедува и потрошувачката на нафта.

Од друга страна, поместувањето на часовниците го компликува одржување на саатницата, а може да направи проблеми и при одржување на закажани состаноци, возни редови, медицински уреди, наплата на различни услуги.