Skip to main content

Културолошка Иницијатива 5 до 12

Од утре Drive-In Cinema под отворено небо во Охрид

 Drive-In Cinema е дел од програмата на „The Cultural Seven“ во организација на Културолошка Иницијатива 5 до 12 – Охрид.
 |  инфодеск  | 

Од 7ми до 9ти јули 2025, паркингот кај поранешната Касарна Охрид ќе се претвори во магично Drive-In Cinema, дел од програмата на „The Cultural Seven“.

Гледачите ќе имаат прилика да уживаат во уникатно кино искуство од своите автомобили, под отворено небо, со проекции на внимателно одбрани филмови:

-07.07.2025 (понеделник) – The Magnificent Seven (2016)
– 08.07.2025 (вторник) – М (2023) – македонски хорор на Вардан Тоѕија
-09.07.2025 (среда) – Јон Вардар против галаксијата (2024) на Гоце Цветановски + краткометражниот Mi(s)sing Dog (2018) на Антонио Вељаноски

Влезот е отворен од 20:00 часот, проекциите започнуваат околу 21ч, со цена на билет од 500 денари (од 1 до 5 луѓе во еден автомобил).

-Овој настан нуди ретка можност за едно поинакво, носталгично кино доживување кое ги обединува луѓето преку филмската магија, порачуваат организаторите.